10.07.2021

На 12. јули, вкупно 17. кандидати ги продолжуваат активностите во нашата најмлада селекција

Андреевски ги одбра кандидатите, следуваат специфични мерења, и продолжение на подготовките на селекцијата „Под 14“ години

Репрезентацијата „Под 14“ години-мажи која се подготвува за учество на меѓународен турнир во Словенија, планиран за месец август, во Словењ Градец, ќе ги продолжи подготовките со кошаркарите кои беа исселектирани од страна на стручниот тим на оваа наша селекција, предводен од селекторот Горан Андреевски.

Следејќи ги модерните тредови во спортот, и употребата на науката во кошарката, за селектираните кошаркари, односно изборот на селекторот Андреевски, закажани се специфични биомеханички мерења, кои ќе бидат реализирани на 12.јули (понеделник) во девет часот,  на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје во Скопје, од страна на Вонр.проф д-р Александар Ацески

Повиканите кошаркари задолжително треба да се јават на истите.

Тренинзите со селектираните кошаркари ќе продолжат од 12.јули (понеделник) од  19.30 часот, во  спортската сала на СДУ „Раде Јовчевски Корчагин“ во Скопје.

СПИСОК НА СЕЛЕКТИРАНИ ИГРАЧИ

Никола Јаничиќ (Партизан Водно санс)

Марио Симиќ (Партизан Водно санс)

Дамјан Ивановски (Партизан Водно санс)

Марион Лазов (Партизан Водно санс)

Лука Антиќ (Феникс 2010)

Доријан Ивановски (Феникс 2010)

Илин Најков (Вардар)

Стефан Сапроновски (Вардар)

Григориј Ѓорѓевиќ (Вардар)

Жарко Терзиевски (Вардар)

Љубен Ефтиновски (Вардар)

Лука Марјановиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Сергеј Петровиќ (МЗТ Скопје Аеродром)

Глигор Цоневски (Куманово 2009)

Ѓорѓи Кузмановски (Куманово 2009)

Дамјан Павловски (Навико Академија ФМП)

Матеј Митревски (Баскет КАМ)

Селектор: Горан Андреевски