23.12.2021

Македонскиот репрезентативец влегува во посакуваната форма и од натпревар во натпревар игра се подобро

Андреј Јакимовски дојде до својот прв „дабл-дабл“ ефект во НЦАА лигата

Откако на минатиот меч оствари личен рекорд по бројот на постигнати поени, ноќеска млад репрезентативец го оствари својот прв „дабл-дабл“ ефект во НЦАА кариерата. На теренот помина 30. Минути. И за тој период поминат во игра реализира 11 поени (1/2 за три, 3/4 за два 2/3 од линијата за слободни фрлања) и 12 скока, плус три асистенции.

Не треба да се кажува дека беше убедливо најдобар скокач во својата екипа и оствари речиси третина од вкупниот број скокови на Вашингтон Стејт. И покрај одличната игра на Јакимовски, ВСУ го претрпе петтиот пораз во 13. натпревар. Бојс Стејт триумфираше со 58-53, па Кугарс сега се на седмата позиција во својата дивизија.