Вашингтон Стејт стигна и до седмата по ред победа во уводниот дел од сезоната од НЦАА лига. Уште еднаш, на домашен терен, делуваа мошне убедливо, славеа против Прејри Вју со резултат (90:62).
Андреј Јакимовски уште еднаш беше дел од стартната петорка на „Кугарс“. Нашиот млaд репрезентативец одигра 28. минути во кои стигна до ефект од 11 поени (3/6 за три, 0/2 за два, и 2/2 за еден поен).
Освен тоа додаде уште четири скока, како и по една асистенција и украдена топка.
Ова е најдобриот старт на Вашингтон Стејт од сезоната од 2007 година кога, исто така, имаа „седум од седум“ на почетокот натпреварите.