21.02.2021 Луд натпревар на Вашингтон Стејт со три продолженија – Македонецот повторно одличен! Дури три продолженија, односно цели 55 минути игра му беа потребни на тимот на Вашингтон Стејт да дојде до победата (85:76) во дуелот со големиот „должник“, составот на Стенфорд. Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден сосема добар натпревар. На теренот остана неверoјатни 51.минута. А овој маратонски меч крилото на ВСУ го заврши со ефект од 11. поени, 9 асистенции и 6 скока.