Со натпреварот против екипата на Јужен Тексас на свој паркет во Арената „Бисли Колосеум“, а како играч на Вашингтон Стејт, Андреј Јакимовски го направи своето долго очекувано деби во НЦАА лигата.
Младиот македонски репрезент ќе го памети и по тоа дека ги одигра своите први четири минути во оваа конкуренција, но и по триумфот на неговиот Вашингтон Стејт против Јужен Тексас од (56:52).
Натпревар во кој новата „23“ на популарните „Кугуарс“ не поентираше, но имаше три скока.
Поради ситуацијата со корона вирусот, шампионатот во НЦАА лигата започнува нешто подоцна од вообичаените термини.
Во првиот дел од сезоната, тимот на Вашингтон Стејт се натпреварува во Пацифик 12 дивизијата каде, меѓу другите, е уште УЦЛА, најуспешниот универзитет во кошаркарска конкуренција, со 11 титули.