Андреј Јакимовски продолжи со своите успешни настапи, а неговата екипа Вашингтон Стејт со беспрекорен ефект во НЦАА лигата.
И во петтиот меч од почетокот на сезоната „Кугарс“ не дозволија изненадување. Беа подобри во текот на целиот натпревар и на крајот го совладаа Портланд Стејт со резултат (69:60).
А Андреј Јакимовски повторно го собори својот личен рекорд. Постигна 12. поени (три тројки од девет шута), на кои додаде и седум скока, најмногу во својата екипа.
Освен тоа, беше еден од четворицата со двоцифрен број поени, но имаше и најголема минутажа досега – 34 минути на теренот.
Во досегашните пет настапи, Јакимовски постигна вкупно 29 поени. Или во просек, речиси по шест на натпревар.
Заедно со Аризона, екипата на Вашингтон Стејт е една од двете екипи во Пацифик 12 дивизијата со максимален ефект, пет натпревари-пет победи!