Андреј Јакимовски и дефинитивно, ќе ја продолжи својата кариера во САД. И тоа како студент и играч на Вашингтон Стејт Универзитетот.
Нашиот млад сениорски репрезентативец го потврди тоа денеска и на својот фејсбук профил:
„Премногу сум возбуден што ќе бидам дел од кошаркарскиот дел на Вашингтон Стејт во наредната сезона. Јас едвај чекам да започнам ново, возбудливо поглавје во мојот живот и кошаркарската кариера. Пред мене има многу пречки што ќе треба да ги прескокнам. Но со напорна работа и посветеност, се надевам дека ќе имам неверојатно време да играм кошарка за Вашингтон Стејт.
Би сакал да му се заблагодарам на тренерот Смит и на неговиот тренерски персонал за можноста што ми ја даде да се градам како личност, спортист и студент. Силно верувам дека ја донесов вистинската одлука официјално да станам дел од тимот.
Се гледаме наскоро!! #GoCougs“