21.08.2020

Славниот Русин доби многу повеќе гласови од својот противкандидат

Андреј Кириленко реизбрaн за претседател на руската кошаркарска федерација

Андреј Кириленко и понатаму останува на чело на Руската кошаркарска федерација.

Еден од најдобрите руски кошаркари на сите времиња, ја доби довербата на делегатите на Собранието. Доби убедливо поголем број на гласови од својот противкандидат за оваа престижна функција, Едуард Сандлер.

На гласањето на изборната конференција на РФБ, Кириленко доби 109, а неговиот „противник“ само 16.

Поради актуелната епидемиолошка ситуација во Русија, гласањето и донесените одлуки од конференцијата беше изведено преку видео-конференциска врска, реализирана од страната на јавните служби на Руската федерација.

Инаку, Кириленко ја води федерацијата од август 2015 година.

Русија е еден од противниците на нашиот сениорски национален тим во квалификациите за Евробаскетот 2021 година.