06.06.2021

---

Андреј Магдевски е најкорисниот играч на финалето

Не беше лесно да се одбере најкорисниот играч на оваа финална серија од плеј-офот. Силна беше конкуренцијата, пред се на онаа победничка страна, на МЗТ Скопје Аеродром.

На крајот, во последните минути од третиот меч финалето „падна пресудата“.

МВП на оваа возбудлива серија да биде Андреј Магдевски.

Репрезентативниот бек беше еден од најзаслужните за две од трите победи на „аеродромци“ во финалето. По одличниот настап во Гевгелија, Магдевски беше на висина на задачата и на последниот меч од серијата.

Реализираше 21 поен, најмногу во победничката екипа. Со сосема добра реализација во шутот од поле (7/15) и максимална од линијата за слободни фрлања (3/3). Имаше и шест скока, едно додавање, три загубени и две освоени топки за 27:30 минути на теренот во СЦ „Јане Сандански“.

„Пред се да им се заблагодарам на тимот на Еуро Никел за фер и коректната игра. Ова беше тешка серија, три натпревари на ’една топка’. После тие долги осцилации во текот на оваа година, ние успеавме да се вратиме, пред се психички, па потоа и физички. Оваа година беше претешка, но со оваа двојна круна ја запечативме на најдобар начин. “ - истакна Магдевски.