Ја поведе Македонија кон првиот квалификациски триумф. Неговите 15.поени во првото полувреме, но и со одличниот настап во продолжението даде серизен придонес да ја победиме Италија, и да останеме во игра за местото кое води на Евробаскетот 2022.
Андреј Магдевски имаше блескава игра против топ-фаворитот. Веројатно и е најзаслужен што направивме еден сериозен пресврт, и една негатива од 16.поени во второто полувреме да ја претвориме во голема победа (87:78).
„Тежок натпревар, верувавме и покрај тоа што поведоа со двоцифрена разлика. Не се предадовме, и на крајот дојдовме до посакуваната победа. Немаме време да славиме. Мора да се одмориме добро, и утре да дадеме максимум да дојдеме до нашата цел, а тоа е пласман на Европско првенство“.
Ова за тебе беше веројатно и најдобрата игра во дресот на најдобрата македонска селекција?
„Не е важно кој и како одиграл. Битно е дека игравме, дека се боревме како тим и дека извојувавме победа. Тоа е најважното“- констатира Магдевски, кој овој меч го заврши со 20.поени, плус и по 4. скока и исто толку асистенции.