Нашата сенирска репрезентација ги одработува првите тренинзи во овој ноемвриски „прозорец“ на ФИБА. Во Скопје, во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ се најдоа 12. репрезенаттивни кандидати кои се во плановите на селекторот Александар Тодоров и неговиот стручен тим за она што следува пред крајот на месецот. Квалификациските дуели за пласман на ЕП во 2022 година.
Во Талин нè чекаат мечеви против селекциите на Италија (28. ноември) и против Естонија, два дена подоцна, на 30. ноември.
Кристијан Николов полека, но сигурно, доаѓа во ситуација да биде и еден од носителите на играта во оваа селекција.
Младиот бек на МЗТ Скопје Аеродром вели дека е подготвен за новиот репрезентативен предизвик и „балонот“ во Талин.
„Ова за мене е чест, да се биде дел од националниот тим на Македонија е чест. Пред сè, секогаш се радувам кога сум во дресот на Македонија. Во овој циклус одиме подмладени. Има некои нови дечки, таленти, ќе дадеме се од себе. Немаме никаков притисок, одиме со бистри глави и знам дека ќе излеземе на теренот со желба за најпозитивен резултат. Ќе се бориме на секој дел од теренот, и дека ќе го оствариме она за кое сме тука“- коментира Николов.
Италија делува многу звучно но не така страшно, со огле дна тоа дека и кај нив има сериозно подмладување, односно „штедење на силите“ (веќе се пласнирани на ЕП), а нашата шанса дефинитивно е Естонија?
„Секако во Талин одиме на победи. И против Естонија и против Италија, тоа е наша цел, тоа е репрезентација на Македонија. Ќе дадеме се од себе за да успееме, верувам во тоа, зошто да не?“- делува максимално оптимистички нашиот репрезентативен бек, по првиот одработен тренинг во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
А еден од тие „нови дечки“ е и младиот бек, сега играч на скопски ТФТ, а како позајмен играч од второлигашот Феникс 2010, Андреј Митревски.
Што за еден така млад играч (роден 2003 година), значи повикот во А тимот?
„Повикот во репрезентацијата го гледам како голем поттик за понатаму. Фактот дека за прв пат треба да бидам дел од оваа селекција значи многу за мене. Тоа ми е уште поголем мотив да работам напорно во животот“- одговара најмладиот на првиот собир.
Има шанса да играш и во сениорскиот национален тим. Дали си подготвен за една таква работа?
„Нормално е дека сум подготвен, оваа шанса не ја добива секој, и не се добива секогаш. И затоа морам и да ја искористам“
Ова е прв тренинг за тебе во едно малку, поинакво репрезентативно друштво?
„Го одработуваме првиот тренинг, и навистина сум многу сум возбуден. Искрено е надевам дека ќе дадам се до себе на тренинзите па ќе видиме што ќе направиме понатаму“- верува Митревски во себе и во репрезентативните соиграчи со кои ќе работи во наредниот период.