Андреј Митревски полека, но сигурно си го наоѓа своето место во овој подмладен ростер на нашата сениорска репрезентација. Младиот бек го остава во заборав оној прв меч од претквалификациите, против Романија. Дава кратка анализа на тие 40 минути во Куманово.
„Со Романија загубивме во еден тесен меч, каде што , можам да кажам, во поголем дел ја имавме контролата. Но одлучија последните две-три минути“.
Како против Унгарија, се наметнува друго прашање?
„Против Унгарија, треба да се држиме до планот, да играме агресивно во одбраната. И најбитно, да заградуваме под кошевите, бидејќи тоа беше најголемиот минус, зошто го загубивме натпреварот против Ромнија“.

Кои се очекувањата на Митревски од утрешниот натпревар, закажан во „Тисалигети“ Арената во Солнок, а почнува во 18.часот?
„Секако дека очекувам победа, бидејќи верувам дека можеме повеќе да дадеме. И мислам дека од тренинг во тренинг растеме како екипа бидејќи сме нова, млада екипа, така што очекувам се подобри и подобри резултати понатаму“ – порачува Митревски пред вториот меч од претквалификациите.