27.12.2022

Најдобар млад македонски кошаркар за 2022 година

Андреј Шошкиќ:„Се надевам на уште поголеми успеси во сениорскиот тим на Работнички“

Веќе втора година по ред, Андреј Шошкиќ го добива признанието за најдобар млад кошаркар во нашата земја. И повеќе од заслужено ако се земе в предвид играта на  Работнички 2018 не би била ниту далеку од иста доколку на првата бековска позиција го нема еден од нашите најпреспективни играчи. Успешно ги реализираа натпреварите во јуниорска конкуренција, успеаја експресно да стигнат до Втората лига. Сето тоа со само еден пораз во сезоната.

„Би сакал да им се заблагодарма на сите оние кои гласале за мене. Многу сум благодарен за оваа награда. Но наградата немаше да ја добијам без  помошта на главниот тренер Андреј Апостоллски Лечиќ и на целата екипа на КК Работнички со кои заедно се боревме за титулите кои ги имаме освоено. И се надевам на уште поголеми успеси во сениорскиот тим“- изјави младиот кошаркар на „црвено-белите“ и на нашата јуниорска репрезентација по добивањето на вредната награда.