13.02.2023

Овоj натпревар со Белгија во СРЦ „Кале“ ќе остане запаметен и по еден посебен момент.

Ања Начевска – една од најмладите дебитанти во сениорскиот национален тим

ФОТО: Ања Начевска (44) доби шанса да заигра и во сениорскиот национален тим

Имено, кошаркарката на Вардар, Ања Начевска, родена на 24 мај, 2007 година, го имаше својот прв официјален натпревар за женската сениорска репрезентација.

Со 15 години и неполни осум месеци, Начевска влезе во друтпвот како една од најмладите сениорски репрезентативки на Македонија.

На средбата со силниот противник, Начевска одигра скоро четири минути, макар и без некој особен ефект, (имаше еден неуспешен обид за три поени) но дефинитивно останува запишана во историјата на македонската женска репрезентативна кошарка, како една од најмладите која запишала настап за сениорската репрезентација.

Неколку дена порано, на натпреварот со БиХ во Сараево, своите први минути во сениорскиот национален тим ги имаше уште една млада кошаркарка - Милица Николиќ.