Кошаркарката на Вардар, победничката екипа на финалниот турнир од М18 лигата, е прогласена за најкорисна на дводневниот собир во СРЦ „Кале“ во Скопје. Актуелната репрезентативка на Македонија имаше две одлични изданија, како во полуфиналето, така и во оној финален натпревар на турнирот.
Во полуфиналето имаше двоен скор од 16.поени и 17.скока, за 29. индексни поени.
Слична игра Начевска повтори и во решавачкиот натпревар за шампионската титула. Оствари нов дабл-дабл, изразен преку реализација на 16.поени, и дури 20.скокови, односно индекс 26, за потврда на индивидуалните квалитети презентирани и во јуниорското финале.