29.12.2023

НАЈДОБРА МЛАДА КОШАРКАРКА ЗА 2023 ГОДИНА

АЊА НАЧЕВСКА: „Награда која ми дава посебен мотив за понатамошни успеси“

Оваа година ќе остане во нејзината меморија по големите индивидуални успеси. На само 15 години дебитираше во сениорската репрезентација на Македонија. Играше и во М18 селекцијата на Европското првенство, а во меѓувреме го предводеше Вардар до титулата во М16 лигата на Македонија.

„Чест и задоволство ми е што присуствувам на една ваква манифестација. Благодарност до кошаркарската федерација, благодарност до сите мои досегашни тренери и селектори. Оваа награда е голем мотив за мене за понатамошни успеси“ - порача добитничката на признанието за најдобра млада кошаркарка во Македонија.