13.07.2020

Време е да гласате за вашиот омилен национален тим од Стариот континент во изминатите 20 години во историјата на ФИБА Евробаскетот

Антиќ, Мекејлеб и Илиевски во изборот на ФИБА Евробаскет „Дрим-тим“ во периодот од 2000 до 2020 година

Во текот на изминатите месеци, во тематските недели ФИБА издвои некои од најсветлите ѕвезди на ФИБА ЕвроБаскет кои се натпреваруваа на оние големи натпреварувања со своите национални тимови.

А во текот на изминатите две децении, Евробаскетот ни понуди голем број приказни за „Пепелашка“, па дури и повеќе неверојатни индивидуални изведувачи на кои им се восхитувавме, па дури и ако истите не завршуваа со медал.

Затоа сега е време да препознаете некои од овие неискажани херои, а ФИБА дава можност да гласате за вашите омилени играчи од тимовите кои не биле секогаш во насловите.

Играчи како Перо Антиќ, Лестер Бо Мекејлеб,  и Владо Илиевски, кои ја водеа Македонија до полуфиналето на ЕП во 2011 година во Литванија.  Играчи како Адам Ханга кои ги „преработија“ книгите за историја на Унгарија со тоа што станаа најдобриот 16.тим во 2017 година,

Играчи како Никола Пековиќ и Никола Вучевиќ од Црна Гора, играчи како полскиот „Хамер“, играчи како Мирза Телетовиќ и сите други дијаманти од Белгија, Финска, Велика Британија, Исланд, Шведска, Полска.

Време е да гласате за вашиот омилен тим на Стариот континент од изминатите 20 години во историјата на ФИБА ЕвроБаскет.

Гласањето се одвива на следниот линк: 

http://www.fiba.basketball/eurobasket/2021/news/fiba-eurobasket-dream-teams-rest-of-europe: