30.11.2018

Апел до љубителите на кошарката

За 48 часа нашата машка сениорска репрезентација ќе излезе на теренот во Гевгелија и ќе си ги одмери силите со соодветната репрезентација на Косово. Натпреварот ќе се одигра во спортската сала „26 април“ и ќе започне во 17часот и 45минути.

Билетите (по цена од 100 денари) се веќе пуштени во продажба и можат да се купат на билетарата на спортската сала. Огромниот интерес за репрезентативниот натпревар предизвика да билетите се распродадени по неполни 24 часа продажба.

Македонската кошаркарска федерација упатува апел до сите љубители на кошарката кои успеаја да купат билет за натпреварот в недела да пристигнат во спортската сала навреме за да се спречат несакани турканици на вратите, но и за да сите ги заземат своите места на трибините пред почетокот. Вратите на спортската сала ќе бидат затворени петнаесет минути пред почеток на натпреварот.

Се надеваме дека љубителите на кошарката ќе ја исполнат салата до последното место!

За љубителите на спортот со портокаловата топка кои нема да успеат да купат билет или пак нема да бидат во можност да го проследат натпреварот од трибините ќе можат да го следат натпреварот на МРТ или на LiveStream на Youtube каналот на FIBA.