01.07.2023

„Бевме добри во Гевгелија, сакаме да биде подобри во Ботевград и максимално спремни за Матошинос“- посакува селекторот на на јуниорите

Апостолски Лечиќ: „Идејата е да изградиме карактер и да растеме како тим“

Машката јуниорска селекција на Македонија успешно го одработи првиот дел од втората фаза до подготовктие, во кој беа вклуени и првите контролни натпревари. Оние три на меморијалниот турнир „Боби Петковски“ во Гевгелија.

Забележавме две, важни, победи против репрезентациите на Црна Гора и на Израел, загубивме од поквалитетен противник како Грција.

А овој исход од престојот на крајниот југ во нашата земја, го прави задоволен предводникот на оваа наша селекција Андреј Апостолски Лечиќ.

„Сега сме на некоја средина од периодот на подготовките за Европското првенство во Португалија, Како што знаете изминатата недела имавме навистина добра можност да одиграме еден пријателски турнир во Гевгелија, со доста силни репрезентации, некои се дел од ‘А’ Дивизијата. Односно се дел од елитата во младинска конкуренција во Европа.

Резултатот на овие натпревари беше, како што ние тренерите знаеме да кажеме, ‘во втор план’. И пред се, го гледавме нашиот начин на игра. Како да бидеме подобри од ден на ден, односно како одминуваат деновите да заминувањето за Матошинос, да изградиме карактер, и да растеме како тим“.

По краткиот одмор, јуниорите се вратија во салата во СРЦ „Кале“, а веќе на почетокот на наредната седимица, следуваат нови „контроли“.

„Наредната недела одиме во Ботевград, каде ќе одиграме два натпревари против селекцијата на Бугарија. Сега со доста појасна слика за нашите моментални можности. Изгледавме добро во Гевгелија, се надевам дека “сликата’ ќе биде уште подобра. Со текот на одиграните минути имаме и подобар увид во ситуацијата, односно се приближуваме кон финалниот ростер на играчи кои ќе бидат дел од шампионатот во Португалија. Овие мечеви се токму затоа, да видиме кој и колку може да придонесе за што подобар настап на ЕП“- дополнува Апостолски Лечиќ.