Кадетите покажаа две изданија на гостувањето во Хрватска. Во Дарувар, каде се играше двомечот со селекцијата на Хрватска, првото нема да се памети по некои добри работи.
Она пак второто, треба да биде смерница, како понатаму до 13. август кога е закажан почетокот на ФИБА „Челенџер“ турнирот за кошаркари „Под 16“ години, кој ќе се одржи во Скопје.
„Првиот натпревар во Дарувар против хрватската репрезентација до 16 години, не беше слика на нашата репрезентација. Најмногу тоа се должи на краткото време за одмор кое го имавме по доаѓањето во Дарувар, потоа адаптирање на условите, како и желбата да се изротираат сите играчи како би можеле подобро да селектираме за ‘челенџерот’ во Скопје“- појаснува Апостолски Лечиќ.
Слиата на нашата кадетска сеелкција беше многу поразлична, подобра на вториот меч против колегите од Хрватска.
„На вториот натпревар сакавме да одиме на резултат. Играчите одморија, и излегоа на терен да го победат натпреварот. Во текот на целиот натпревар бевме подобар противник. Но со неколку судиски одлуки не успеавме да извојуваме победа на гостински терен во Хрватска. Но вториот меч е патоказ како треба да играме на наредните мечеви“.
Нашиот кадетски тим ќе ги продолжи подготовкиге во Скопје, а испланирано е и гостување во Ниш, каде следува нова проверка, против селекцијата на Србија.
„По враќањето од Хрватска во Скопје, ќе бидеме, се надевам, во комплетен состав и во уште посилно темпо ќе ги продолжиме подготовките за ФИБА турнирот во Скопје“- дополнува младиот стручњак на клупата на нашиот кадетски репрезентативен состав.