Кошаркарите на Армани Милано се победници на првиот претсезонски „Тур“ на Евролигата.
Во првиот финален натпревар во периодот во кој пандемијата од КОВИД-19 сеуште е присутна во целиот свет, екипата од Милано беше подобра од домашниот Жалгирис.
Славеа „манекените“ со убедливи (88:70).
Кевин Пантер беше водечки стрелец во победничката екипа, реализираше 26.поени, Малком Дилејни го следеше со 14, а Серхио Родригез додаде 11.
Томас Валкуп го предводеше Жалгирис со 13.поени, додека Артурас Милакнис даде 10 за домаќинот.
Каунас е град на кошарката, и ја имаше таа чест да биде првиот на кој беше дозволено присуство на гледачи. На финалниот меч беа „распоредени“ 2.700 фанови на кошарката, секако, поради рестрективните здравствени мерки кои важат во Литванија.
Вториот претсезонски „Тур“ на Евролигата ќе се одржи на 15. и на 16. септември во Валенсија. На турнирот, освен домашната екипа ќе учествуваат уште и екипите на Асвел, Олимпијакос и Баерн од Минхен.