Деветтото коло во Шпанија, ја донесе и шестата победа за Хувентуд
Екипата од Бадалона запиша нова, и лесна победа во шпанската елитна лига. Против Естудијантес, славеа со повеќе од убедливи (97:70), а нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ повторно имаше потег за паметење.
Неговата асистенција (до Биргандер), влезе во конкуренција за потег на колото број 9 во „Ендеса“ лигата.
Едно од неговите пет успешни додавања беше прогласено за трета најдобра акција овој викенд во најквалитетниот европски национален шампионат.