Кошаркарската Евролига испитува различни опции и разгледува различни градови кои може да бидат домаќин-и на последната фаза, односно завршницата на сезоната 2019/2020 година, во услови на криза предизвикана од коронавирусот.
Атина (Грција), Белград (Србија), Келн (Германија) и Каунас (Литванија) се четири града кои се меѓу опциите на Евролигата од списокот на локации за кандидати-домаќини на завршниот дел.
Евролигата сака да ја заврши сезоната со 18. екипи кои би ги доиграле сите преостанати натпревари во регуларниот дел од сезоната, а потоа и на најдобрите осум екипи кои ќе учествуваат на финален турнир
Планот на Евролига е целата фаза да се одвива од 4. до 26. јули. За овој распоред да биде изводлив, организаторот бара од секој град да обезбеди две арени кои ги исполнуваат потребните стандарди за натпреварите да се играат истовремено, за календарот да може да биде реализиран навреме.
Додека Белград и Атина имаат соодветни капацитети („Штарк“ Арена и сала „Александар Николиќ“) во Белград, „ОАКА“ Арена и сала „Мир и пријателство“) во Атина, Каунас ќе треба да биде ко-домаќин на турнирот со Вилнус, и Келн со или блиските Бон или Дизелдорф.
Се очекува Евролига многу брзо да донесе конечна одлука за ова прашање. А дефинитивно, дали оваа година Евролигата ќе добие нов шампион (или ќе остане стариот), ќе биде познато на 24.мај.