Пораз-победа-пораз...
Во една таква насока „Работи“ нашиот национален тим „Под 20“ години во овој дел од она што се нарекува подготовки за настап на ФИБА „Челенџер“ турнирот во Шопрон.
За кратко време, нашите младинци се порази во натпревар против комбинираниот универзитетски состав од САД кој настапува како „Атлети во акција“.
По оние (100:85) во првата проверка пред два дена, и во оваа, втората, беше слично...
АТЛЕТИ ВО АКЦИЈА - МАКЕДОНИЈА У20 91:69
Лош почеток имаа нашите младинци во втората проверка на знаењата против комбинираниот универзитетски тим од САД составен под името „Атлети во акција“.
Многу рано избраниците на селекторот Тони Симиќ влегоа во резултатска негатива. По десет минути игра, гостите од Америка имаа плус од 13.поени (26:13), што им даде да играат многу полабаво во наредниот период. Дел од играта во кој видовме консолидација во играта на нашиот национален тим „Под 20“ години. Особено во офанзивниот дел, Дадовме 26, примивме 23 ппени, и на полувремето бевме во заостанување од 10.поени.
Дарио Митевски со 14. поени, беше најдобриот стрелец во тие 20.минути од оваа „контрола“. Трета по ред за оваа наша селекција за кратко време, а втора против овој ривал, физички доста доминантен.
Тешко им париравме и во продолжението од играта. Дел во кој Американците заиграа уште поцврсто во одбраната. Им дозволија на нашите младинци да реализираат само девет поени за десет минути. И да поведат со двојно повисоки (68:50).
Период во кој Лејсон Зекири по капитенот Митевски стана вториот наш играч со двоцифрен број на поени – 12.
Не се случија многу промени во играта во оној последниот, освен што Миловановиќ стана третиот наш кошаркар кој ја надмина границата од десет или повеќе дадени поени.
Нова шанса за нов успех и триумф во овој дел од подготовките нашите млади кошаркари ќе имаат утре вечер, во исто време, од 18. часот, кога ги чека дуелот против соодветната селекција на Бугарија.
Од 20.30 часот, на овој комбиниран турнир во Скопје (вклучена е и нашата селекција „Под 18“ години, со два натпревари), ќе се сретнат селекциите на Украина и на Бугарија.