16.05.2018 Бадел 1862 продолжува да царуваа на домашната сцена. Кошаркарките од клубот од скопската општина Кисела Вода со 3-0 во финаланта серија од плејофот го совладаа градскиот ривал Вардар и ја запечатија петтата титула во низа. Баделки пренесоа еден бод предност во финалната серија, на првиот натпревар на домашен терен славеа со 61-51, а титулата ја запечатија со победа на гостински терен со 55-76. Репрезентативката Александра Стојановска се закити со признанието за најкорисен играч.