26.05.2018

Бадел 1862 ќе ја брани титулата во М18 против Струга 2009 во финалето

Кошаркарките на Бадел 1862 се на чекор поблиску до одбрана на титулата во возрасната категорија до 18 години. Јуниорките во денешното второ полуфинале на завршниот турнир за оваа сезона ги совладаа врсничките од Шкупи со 88-53 и си закажаа финале против екипата на Струга 2009. 

Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК.

Натпреварот за трето место, помеѓу екипите на Баскет Кам и Шкупи ќе започне утре (недела, 27. мај) со почеток во 13:00 часот додека финалето помеѓу Бадел 1862 и Струга 2009 е закажано за в 15часот и 30 минути. 

Двата натпревара ќе бидат пренесувани на LiveStream. Линковите ќе бидат достапни на вебсајтот на МКФ.