17.02.2018 Екипата на Бадел 1862 си закажа нов настап во финалето на Купот на Република Македонија, во женска конкуренција, откако во рамки на првото полуфинале ги совлада противничките од Струга 2009. Искусните „баделки“ знаеја како да ги спречат избраничките на Владимир Ѓоровиќ да ја поминат спротивната страна што резултира со паника во редовите на Струга 2009 и акции кои завршуваа без реализација. Во финишот, Бадел 1862 славеше со 77-43 (27-11, 15-4, 14-13, 21-15) Целосната статистика достапна на следниот ЛИНК.