04.06.2017 Иако заостануваа резултатски речиси целиот натпревар кошаркарките на Бадел 1862 успеаја да смогнат сили и со поагресивна игра во последниот период да ги совладаат врсничките од Шкупи со 56-62. Стандардните четириесет минути игра не им беа доволни на двете страни, па по пет дополнителни минути беше одлучен шампионот во оваа возрасна категорија во женска конкуренција. Второто место им припадна на кошаркарките од Шкупи кои беа финалистки додека Струга 2009 го освои третото место.