13.04.2019 Кошаркарките на Бадел 1862 ќе учествуваат уште едно финале во државниот Куп откако во рамки на полуфиналето ги совладаа кошаркарките на Струга 2009 со 59-40 односно 19-13, 9-8, 16-10 и 15-9 по делници. Младите избранички на Владо Ѓоровиќ одиграа изедначено во првиот дел од натпреварот, но пресуди подготвеноста и искуството на баделки. Целосната статистика е достапна на следниот ЛИНК. Финалето во женска конкуренција е закажано за утре (недела, 14. април) со почеток во 17:30 и пренос на МРТ.