Актуелниот шампион во домашното првенство во женска сениорска конкуренција, Бадел 1862, викендов ќе го нагости својот лут градски ривал, Вардар, во рамки на првиот дуел од финалната серија во Плејофот.
Баделки стигнаа во финалето преку екипата на Струга 2009 која ја совладаа со 2-0 во меѓусебни дуели додека Вардарки го направија истото, преку екипата на Пелистер која ја совладаа со 2-0.
Претстојниот натпревар, закажан за в сабота, помеѓу Бадел 1862 и Вардар е дванаесетто дерби. Во досегашните дуели, скорот помеѓу екипите е 8-3 во корист на кошаркарките од клубот од Кисела Вода.
Не сметајќи ја победата на Вардар во Куп-финалето, Бадел 1862 славеше максимални четири пати со што во финалето пренесува еден бод предност.
Симона Деловска, Капитен Вардар
Се разбира дека очекувам тимот да даде се од себе, да игра мотивирано, да го даде максимумот и да изедначиме 1-1 во финалната серија.
Андријана Лескароска, Капитен Бадел 1862
Секако дека мотивот е голем, сепак се работи за финална серија и за одбрана на титула. Иако имаме неколку повредени девојки останатите секако сме подготвени за да го дадеме својот максимум. Претходните победи ни дадоа предност од 1-0 на домашен терен, но тоа е минимална предност што значи дека има уште да се игра до крај.
Првиот финален натпревар ќе се одигра в сабота (12. мај) со почеток во 19:00 часот во спортската сала при Основното Училиште „Невена Георгиева - Дуња“