10.08.2021 „Ќе се обидеме на последните тренинзи да ги отстраниме сите недостатоци“- вели селекторот по влегувањето во „балонот“ Селекторот на македонската репрезентација Драган Бајиќ е полн со комплименти на сметка на кошаркарите на кои ќе смета во претквалификациите за Мундијалот. „Ова што следи е најважно, имаме добра атмосфера, добра работа и морам да кажам дека верувам во овие момци и покрај тоа што можеби немаме квалитет. Знам дека тие по секој натпревар со крвави колена ќе го напуштат теренот. Полн сум со самодоверба и поради овие кошаркари, без разлика на респектот кон Швајцарија и Словачка, сигурен сум дека ќе оствариме добар резултат. Ќе се обидеме во следните денови, во последните тренинзи да ги отстраниме сите недостатоци, а потоа да ја завршиме работата и да ги поминеме квалификациите“ – вели селекторот Драган Бајиќ во пресрет на почетокот на „балонот“ во Скопје.