14.08.2021

Со две неверојатни четвртини, првата и последната, ја разбивме играта на противникот.

БАЈИЌ: „Не се плашиме од никого, така ќе биде и понатаму“

 

Селекторот Драган Бајиќ стигна до својата прва победа како предводник на нашиот сениорски национален тим. Пропуштеното против Швајцарија го вративме вечерва, против Словачка.

Со две неверојатни четвртини, првата и последната ја разбивме играта на противникот.

„Честитки за момците за добриот натпревар. Благодарност и до публиката, тие беа еден голем ветер во грбот. Се надевам дека со Швајцарија ќе бидат во што поголем број. Имавме малку време за подготовка, ама максимално одговорија кошаркарите на сите задачи. Освен во втората четвртина, во другите бевме добри. Сосема заслужена победа. Сега следи Швајцарија, со која имавме голем притисок во првиот натпревар. Јас не им го создадов, туку целиот нов тим. Во последните два дена работевме да го тргнеме притисокот и работите испаднаа добро. Исто и оваа победа ништо не ни значи, како оној пораз од Швајцарија. Не се плашиме од никого, така ќе биде и понатаму. Се што е добро им препишувам на играчите, се што е лошо оди на моја душа“, изјави селекторот Бајиќ.