Тринаесеттото коло во шпанската „Ендеса“ лига беше навистина и баксузно за кошаркарите на Хувентуд.
Екипата од Бадалона запиша навистина несреќен пораз во дуелот со Манреса (104:106). И го расипа ефектот кој сега е 7. победи и 6. порази.
Ненад Димитријевиќ одигра 20.минути на овој натпревар. Имаше лоша шутерска вечер. Реализираше пет поени (1/3 за три, 1/7 за два поени. Дополни си три додавања, три освоени топки, и по еден скок и загубена топка.
Пораз, би се рекло очекуван, и убедлив забележа и екипата на Реал Бетис. Во Севиља гостуваше големиот Реал Мадрид кој победи со 20 поени „вишок“ (84:64).
Шејн Витингтон како стартер во домашната екипа оствари ист ефект како и Димитријевиќ. Играше 20.минути во кои реализираше пет поени (1/5 за три и 1/7 за два поени), шест скока, и по една асистенција односно освоена топка.
По 13. кола. Реал Бетис има скор (3-10) со кој ја дели последната позиција на табелата заедно со екипата на Естудијантес.
*Стојан Ѓуроски и неговиот Евре запишаа убедлив пораз. На гостувањето кај Антиб загубија со високи (74:102).
Нашето репрезентативно крило одигра 20.минути на овој меч. Притоа реализираше седум поени (1/5 за три, 1/1 за два и 2/2 за еден поен). Имаше и четири асистенции, еден скок и две загубени топки.
По десет одиграни кола, со скор од 4.победи и 6. порази, Евре се наоѓа на 14. позиција на табелата во ПРО Б лигата.
Очекувано, Војдан Стојановски не се најде во играчкиот ростер на По Лак Ортез, кој славеше минимален триумф на гостувањето кај Булазак (84:83), па сега се искачија на делба на 11.позиција во ПРО А лигата (ефект 5-9).
*Нов пораз за Самсун и Предраг Самарџиски во втората турска лига. И тоа убедлив, на домашен паркет во дуелот со Баликесир (66:86).
Меч во кој нашиот висок центар беше во стартната петорка. Одигра 36.минути. Реализираше девет поени (3/11 за два и 3/6 за еден поен), осум скока (четири офанзивни) и шест асистенции.