Неизвесно време и во АБА конкуренцијата. Особено онаа во АБА-2, каде имаме две екипи-учесници во сезоната 2020/2021.
Ако, макар некако оние од од АБА лигата се договорија истата да почне овој викенд, барем засега, нема официјална потврда што, и како ќе се одвиваат натпреварите во АБА-2 конкуренцијата.
Последните предлози, иако сеуште во сферата на неофицијалното се дека, комплетното натпреварување во оваа конкуренција ќе се одвива во т.н. „балони“, нешто налик на начинот на кој е организирана завршницата во НБА лигата.
Извесно е тоа дека во АБА-2 лигата ќе дојде и до скратување на сезоната, и дека натпреварите нема да се одвиваат двокружно, односно нема да се одиграат сите 26.планирани кола, туку ќе бидат „одработени“ половина од нив.
Поточно 13. рунди во пресрет на плеј-офот односно плеј-аутот.
Планот е првиот „балон“ да биде одигран во текот на ноември, во еден од градовите од каде доаѓаат учесниците во ова натпреварување, а во јануари, 2021 година да биде вториот, секако за оние лигашки натпревари.
Во првиот би се одиграле шест или седум кола, а во оној вториот преостанатите, од вкупно 13. мечеви.
Потоа би следеле плеј-оф натпреварите, најверојатно со осум екипи, а доигрувањето би требало да биде во март, сместено во трет „балон“.
АБА се одлучи за еден ваков потег поради безбедноста и заштитата на учесниците, иако трошоците на лигата која „покрива“ сè, ќе бидат многу поголеми отколку да се игра како во досегашните изданија.
Извесно е дека многу клубови не би имале финансиски средства за задолжителните и чести тестирања од корона вирусот при патувањата. Па оттука одлуката на АБА е од исклучителна важност и од тој финансиски аспект.
Како што е познато, во претстојната сезона во АБА-2 лигата ќе учествуваат и две екипи од нашата земја, МЗТ Скопје Аеродром и Работнички.
Со оглед на тоа дека канцеларијата на сениорските лиги го подготви календарот за натпреварување, извесно е дека доколку ова биде и официјално потврдено, двата наши претставници и нивното учество во АБА-2 лигата, ќе донесат промени во календарот за натпреварување во Првата лига-мажи.