29.06.2021 Младите каталонци славеа со убедливи (88:50) против Кахасиете Канарија. За место во финалето ги чека дуелот против Хувентуд Младите кошаркари на Барселона ќе играат во полуфиналето од јуниорската лига на Шпанија. Момците од Каталонија, стигнаа во големата „четворка“ со убедлива победа во четвртфиналниот дуел против екипата на Кахасиете Канарија (88:50). Теодор Симиќ беше еден од неколкутемина двоцифрени кошаркари во составот од Барселона. Младиот Македонец одигра скоро 22.минути во овој меч. Стигна до ефект од 12.поени (5/8 од поле и 2/4 од линијата за слободни фрлања). Имаше и пет скока и две блокади за тоа време поминато во игра. Во полуфиналето, закажано попладнево, од 17.30 часот ги чека екипата на Хувентуд. А во другиот натпревар кој води во финалето, се среќаваат екипите на Реал Мадрид и Фондасион 5+11