29.09.2023

Македонскиот шампион е дел од првиот турнир во Требиње, каде друштво му прават и екипите на Леотар, Херцег Нови и Раднички од Белград

Баскет Кам ги почнува натпреварите во Балканската лига

Кошаркарките на Баскет Кам денеска заминаа за Требиње, каде овој викенд ќе ги играат првите натпревари од новоформираната женска Балканска лига.

Натпреварување во кое во премиерната сезона 2023/2024 е предвидено да се игра според турнирски систем.

А домаќин на првиот, од неколкуте предвидени турнири е екипата на Леотар од Требиње.

Согласно со однапред формираните натпреварувачки двојки, во полуфинални натпревари, нашиот шампион за противник ја има екипата на Херцег Нови. Натпреварот е закажан за 30.септември (сабота), со почеток од 17.часот.

Нешто подоцна (19.30 часот), силите ќе ги одмерат екипите на Леотар и на Раднички од Белград.

Поразените екипи, во недела (од 10.часот), ќе играат за третото место, додека пак победниците во двата полуфинални натпревари ќе се борат за првото место, во натпреварот кој е закажан за 12. часот.  

Согласно со системот за натпреварување во BBWL лигата, ова е првиот од четирите планирани турнири кои ќе се играат уште и во Херцег Нови, Македонска Каменица и Белград, каде ќе биде и завршницата на ова новоформирано балканско натпреварување.

 

БАЛКАНСКА ЛИГА-ЖЕНИ

30.СЕПТЕМВРИ – ПОЛУФИНАЛЕ

17.00: Баскет Кам 2011 – Херцег Нови

19.30: Леотар – Раднички

1. ОКТОМВРИ - НАТПРЕВАРИ ЗА ПЛАСМАН

10.00: Натпревар за трето место

12.00: Финале