Дали екипата од Македонска Каменица во улога на дебитант на вакви собири, ќе стигне до својот прв, и историски трофеј, или онаа од Скопје, која добро знае како се освојуваат пехарите...
Двете најдобрито екипи во досегашниот дел од сезоната, ги оправдаа очекувањата, и ја потврдија улогата на фаворити во полуфиналните натпревари.
Бадел 1862 беше подобар од екипата која важи за пријатно изненадување во оваа сезона од женскиот кошаркарски сегмент, Крива Паланка.
Славеа „баделки“ со сигурни (77:56).
Од друга страна пак, уште поубедливо беше полуфиналното издание на девојките од Македонска Каменица во натпреварот против Вардар.
Победија со огромни (95:59), смао како најава дека големото финале ќе биде – вистинското. Ќе играат две екипи кои во првиот дел, односно оној суперлигашкиот, си поделија по една победа, го поделија првото место на табелата во пресрет на завршниот дел од сезоната, кој дефинитивно ќе биде возбудлив, и неизвесен до самиот крај кога станува збор за поделба на трофеите.
Вечерва се доделува првиот. Кому ќе му припадне, одговорот следува од 17 часот кога во салата на СРЦ „Кале“ стартува големото финале, со директен пренос на МРТ3.