30.09.2023

Со одлично второ полувреме, на турнирот во Требиње, македонскиот шампион направи пресврт и го победи Херцег Нови со убедлии (91:76)

Баскет Кам стартуваше со победа во Балканската лига

Кошаркарите на Баскет Кам со победа ги започнаа натпреварите од новоформираната балканска лига.

Во првиот полуфинален натпревар од собирот во Требиње, македонскиот шампион одигра одлично второ полувреме во кое ја анулираше негативата од првото, и на крајот стигна до убедлива победа против црногорскиот претставник Херцег Нови (91:76).

Црногорките имаа предност по 20.минути од играта (51:46).

Но кошаркарите кои од клупата во оваа сезона, ги предводи Жаклина Стојановска, заиграа доста подобро во одбраната. Од друга страна продолжија со ефикасната игра. Го задржаа противникот на само 28.поени во вторите 20.минути, реализираа 50.

Доволно за место во финалниот меч во кој ќе играат против подобриот од дуелот помеѓу домаќинот Леотар и Раднички од Белград.

Димова беше првото поентерско име во екипата од Македонска Каменица. Искусната кошаркарка испорача 25.поени, Кметовска реализираше 22.поени. Адамовска го заврши овој натпревар со 15.поени, а двоцифрен број на реализации, вкупно 13, во нашата екипа имаше и Максимовска.