Во периодот од 20. јуни до 1. јули во Тарагона, Шпанија се одржа осумнаесеттото издание на Медитерански Игри, поддржани од националните олимписки комитети.
Македонската кошаркарска федерација, поддржана од Македонскиот Олимписки Комитет, доби покана за учество со 3х3 U23 селекција на ова натпреварување.
Македонската селекција замина на 25. јуни за Тарагона, по еден месец поминат во Скопје на подготовки (кондициски и шутерски) како и два турнира одиграни (Крагуевац и Скопје Сити Мол).
Првиот натпревар, нашата селекција го одигра против соодветната селекција на Србија, кој го загуби со 21-10. Вториот натпревар, го одигравме против Андора и запишавме победа со 17-20 (време). Резултатот беше доволен за четвртфинален натпревар против Словенија наредниот ден. На последнито натпревар запишавме пораз од 19-10(време) со кој се пласиравме на осмата позиција во машка конкуренција до 23 години.
Македонската кошаркарска федерација сака да изрази благодарност до Македонскиот Олимписки Комитет.