Сергеј Базаревич, славното име на руската кошарка, сега тренерски предводник на „зборнаја“ го одреди списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните мечеви на турнирот во Перм (18-22. февруари).
Искусниот стручњак одбра 16.кошаркари, меѓу нив и неколку од московска ЦСКА и еден од Химки кои имаат евролигашки обврски во текот на оваа работна седмица. Најголем дел доаѓа од редовите на Нижни Новгород. Вклучени се и некои млади кошаркари, а во однос на претходниот собир во Талин, недостасуваат некои од поискусните.
Инаку, на денешната прва средба, на Базаревич му се јавија седум кошаркари: Валиев, Воронцевич (без клуб), Григорјев, Ивљев, Квитковски, Мотовилов и Штребков. Шест од повиканите кандидати беа дел од „Мечот на сите ѕвезди“ во ВТБ лигата кој се играше синоќа, и ќе дојдат во текот на денот. А во вторник во Перм треба да слета „трилингот“ од ЦСКА: Антонов, Боломбој и Савков.
Мечот помеѓу нашата и руската селекција е закажан за 19. февруари од 15.30 часот во салата „Молот“ во Перм.
СПИСОКОТ НА СЕРГЕЈ БАЗАРЕВИЧ ЗА ТУРНИРОТ ВО ПЕРМ
БЕКОВИ
Евгениј Бабурин 33 год. 190см. Нижњи Новгород
Максим Григорјев 30год 196см. Парма
Артем Комолов 27год. 194см. Нижњи Новгород
Михаил Кулагин 26год. 191см. Енисеј
Григориј Мотовилов 23год. 191см. Локомотив Кубан
Иван Штребков 29год. 190см. Нижњи Новгород
КРИЛА
Семен Антонов 31год. 202см. ЦСКА
Антон Астапкович 27год. 202см. Нижњи Новгород
Никита Балашов 29год. 207см. Восток-65
Евгениј Валиев 30год. 205см. Химки
Станислав Иљиницки 26год. 200см. Локомотив Кубан
Антон Квитковски 20год. 203см. Автодор
Павел Савков 18год. 200см. Ираурги/Басконија
Андреј Воронцевич 33год. 207см. без клуб
ЦЕНТРИ
Џоел Боломбој 27год. 204см. ЦСКА
Владимир Ивљев 30год. 207см. Парма