22.01.2021

На мини-подготовките кои стартуваат на 15. февруари во Перм, треба да се појават дури 27.кошаркари

Базаревич не менува многу, само двајца нови играчи на поширокиот список

Стручниот штаб на репрезентацијата на Русија, предводен од селекторот Сергеј Базаревич, го објави поширокиот список на кандидат за учество на завршниот турнир од квалификациите за ЕП 2022.

На истиот се најдоа дури 27.имиња од кои Базаревич треба да ги одбере најдобрите 12 кои ќе играат на средбите пред домашната публика (ако биде дозволено од руските власти) во Перм.

Првата на 19. февруари, против нашата најдобра селекција, а два дена подоцна, на 21.февруари,  и против репрезентацијата на Естонија.

Во својот избор, помалку и очекуван, Базаревич стави и две нови имиња. Крилото на Нижњи Новгород, Артем Комолов, како и 18.годишниот Павел Савков кој настапува за екипата на Ираурги, член на „ЛЕБ плата“ лигата во Шпанија, а тренира со првиот тим на Басконија.

Повикан е и Антон Квитковских од екипата на Автодор, за кого ова е втор повик, откако го откажа настапот во претходниот „балон“.

Според плановите, „зборнаја“ ќе се собере на 12. февруари во Перм, без играчите кои се дел од „Мечот на сите ѕвезди“ од ВТБ лигата кој се игра два дена подоцна, на 14. февруари.

Официјалниот дел од мини-подготовките во комплетен состав ќе почне на 15. февруари во Арената „Молот“, каде и ќе се играат натпреварите од групата „Б“ од квалификациите за Евробаскетот 2022.   

ИЗБОРОТ НА РУСИЈА ЗА ФЕВРУАРСКИОТ „ПРОЗОРЕЦ“ НА ФИБА

БЕКОВИ

Играч Клуб  години          висина

Евгениј Бабурин   Нижни Новгород  33       190

Максим Григориев          Парма           30                   196

Денис Захаров                   Зенит 27       193

Артем Комолов     Нижни Новгород  27       194

Михаил Кулагин   Енисеј           26       191

Григориј Мотовилов       Локомотив-Кубан 23       191

Иван Стребков       Нижни Новгород  29       190

Иван Ухов    ЦСКА 25       193

Виталиј Фридзон  Зенит             35       193

Дмитриј Хвостов   Зенит             31       190

Александар Коменко      ЦСКА 22       192

КРИЛА

Павел Антипов      Уникс 29       203

Семион Антонов   ЦСКА 31       202

Антон Астапкович Нижни Новгород  27       202

Никита Балашов   Восток-65    29       207

Евгениј Валиев                  Химки           30       205

Андреј Воронцевич         -           33       207

Андреј Зубков       Зенит 29       205

Станислав Илнитски        Локомотив-Кубан 26       200

Сергеј Карашев     Химки           27       201

Антон Квитковских          Автодор       20       200

Никита Курбанов  ЦСКА 34       202

Павел Савков         Ираурги/Басконија          18       200

Владислав Трушкин        Зенит             27       201

ЦЕНТРИ

Џоел Боломбој      ЦСКА 27       204

Владимир Ивлев  Парма           30       207

Антон Пушков       Зенит 32       208

Селектор: Сергеј Базаревич