Со сериозни проблеми се соочи селекторот на Русија на почетокот на мини-подготовките. Мораше да се откаже од десет планирани играчи кои беа на поширокиот список.
Веднаш по одигрувањето на традиционалниот „Меч на ѕвездите“ во ВТБ лигата, селекторот на Русија, Сергеј Базаревич, го закажа и првиот собир.
На почетокот на овие мини-подготовки, предводникот на „зборнаја“ се соочи со големи персонални проблеми.
Поради настапите на три клуба (ЦСКА, Химки и Зенит), од планираниот список не може да смета на дури осуммина кошаркари. А во Новгород, каде е рускиот камп, го дочекаа информациите дека на тренинзите ќе недостасуваат уште двајца кошаркари.
На првата прозивка, поради повреди, не дојдоа ниту Михаил Кулагин односно Артем Забелин
Според планот, Русите ќе тренираат во Новгород до 19. февруари по што летаат за Неапол, каде на 20.февруари ги чека дуелот со селекцијата на Италија.
Како што информира прес-службата на руската федерација, веднаш по завршувањето на средбата во Неапол, со посебен чартер лет, руската експедиција ќе се транспортира во Перм, каде три дена подоцна, на 23. февруари (недела), следува дуелот со нашиот национален тим.
СПИСОК ИГРАЧИ НА СЕЛЕКЦИЈАТА НА РУСИЈА ЗА ДУЕЛИТЕ СО ИТАЛИЈА И МАКЕДОНИЈА:
БЕКОВИ: Евгениј Бабурин, Максим Григорјев, Денис Захаров, Дмитри Кулагин, Григориј Мотовилов, Андреј Сопин, Иван Стребков, Виталиј Фридзон;
КРИЛА: Павел Антипов, Антон Астапкович, Никита Балашов, Евгениј Валиев, Станислав Иљницки, Никита Михајловски;
ЦЕНТРИ: Владимир Ивљев, Артем Клименко;