Сергеј Базаревич, селекторот на рускиот национален тим, не го криеше незадоволството поради фактот дека за овој февруарски квалификациски циклус на ФИБА, не може да смета на десетмина кошаркари.
Односно оние кои се со ангажман во клубови кои настапуваат во Евролигата.
„Ние не повикавме ниту еден од играчите кои се дел од клубовите во Евролигата. Но изразивме надеж дека можеби ќе добиеме помош од Андреј Зубков, кој со Зенит игра во четврток навечер, па ќе го ‘молиме’ неговиот клуб да го ослободи за дуелот со селекцијата на Македонија“- појаснува Базаревич.
Искусниот стручњак добил позитивен одговор од ЦСКА во врска со Михаил Кулагин, но...
„ЦСКА го ослободи Миша (Кулагин), но за жал, тој се повреди на последниот меч. Сметавме на него, исто така и тој на нас. Ќе беше добро и за него и за клубот, и за нас, затоа што имаше долго отсуство поради повредата.
Забелин може исто така да помогне. Има добра сезона, веќе е во нашиот систем, патуваше и во Кина, иако отпадна на крајот, пред почетокот на Светскиот Куп. Лошата среќа за нас продолжува. Следиме неколку млади играчи... Го повикавме Михаиловски, за да продолжиме да го следиме неговиот играчки развој. Но не можеме да се потпреме само на младите. Неопходно е да ги решиме овие турнирски проблеми, како на пример, премалиот број на заеднички тренинзи во тренинг-кампот“.
Базаревич беше запрашан како новаците кои му се приклучија на тимот ја поминале „првата лекција“?
„Првиот тренинг е секогаш, како би го нарекол, ‘семеен’. Вообичаено е оние кои ќе дојдат влегуваат со голем ентузијазам, и со очекувања за нешто ново. Се е тоа добро, но нам ни треба сериозен тренинг. Затоа не можеме да зборуваме за некои заклучоци“- дообјасни Базаревич за руските медиуми.