21.11.2022

Рашид Мезиане ќе ги предводи белгиските „мачки“ на дуелите со Македонија и со БиХ...

Белгија со нов селектор ќе бара победа против Македонија

Со промена на селекторската позиција, и неколку нови имиња во составот селекцијата на Белгија ќе ги одигра наредните два натпревари од групата „A“ од квалификациите за Евробаскетот 2023 година во Словенија и во Израел.

Популарните белгиски „мачки“ добија нов предводник во името на Рашид Мезиане, кој во меѓувреме го објави и списокот на 16. кошаркарки на кои ќе смета за претстојните натпревари.

Првиот против селекцијата на Македонија, закажан за 24.ноември, од 20.30 часот, кој ќе се игра во „Спортплаза“ во Ловен, и три дена подоцна на истиот терен, против селекцијата на Босна и Херцеговина.

Состав на Белгија за ноемврискиот квалификациси циклус за ЕП 2023:

Џули Алеманд, Џули Ванло, Елис Рамет, Хинд Бен Абделкадер, Махуела Лисова, Хелен Новеларс, Антониа Делар, Лоре Ресимонт, Беки Мејси, Настја Класенс, Били Мејси, Моргане Армант, Серене-Лин Гелдоф, Ема Месеман, Кјара Линскенс, Ине Јорис.