16.04.2020

Бертомеу за иднината на Евролигата: Ако видиме дека постои и најмал ризик, ќе ја откажеме сезоната

„Нема да донесеме одлука која вклучува ризик“- потенцира првиот човек на најквалитетната европска лига.

 

Голема одлука е пред челниците на Евролигата. Поради пандемијата на корона вирусот, повеќе од месец дена ја нема најдобрата европска клупска кошарка. А многумина со нетрпение се прашуваат што ќе биде со оваа сезона која беше влезена во завршна фаза.

После новата рунда на разговори со клубовите, пред новинарите повторно застана првиот повек на Евролигата, Жорди Бертомеу.

Изјави дека нема ни збор за и околу продолжување додека не се обезбеди сигурност за сите.

„Сакаме да ја продолжиме Евролигата и Еврокупот, макар што веројатно нема да биде дозволено навивачите да бидат на трибините. Само доколку можеме да гарантираме за здравјето на сите присутни, ќе продолжиме понатаму. Сакаме да продолжиме со Евролигата и Еврокупот во истиот формат“- потврди Бертомеу.

 

Сепак додава дека не е исклучена можноста и двете најквалитетни европски натпреварувања да доживеат одредени промени во форматот. Се со цел натпреварувањето да биде приведено кон крајот, на колку-толку адекватен начин.

„Сепак, работиме на тоа за Евролигата и Еврокупот да ги организираме во поинаков формат. Може да се случи натпреварувањата да ги продолжиме во една сала. Постои можност во Евролигата наместо плеј-оф да се игра ’Фајналј-ејт’ турнир. Уште сега е јасно дека нема да биде ништо од ’Фајнал-фор’ турнир во мај, оној првобитно планираниот во Келн“.

 

Првиот човек на Евролигата истакнува дека веќе се бара домаќин за завршниот турнир.

„Дефинитивно нема да ја продолжиме сезоната додека немаме гаранции за здравјето на играчите, тренерите и организаторите на натпреварите. Во претходниот случај, најважно е да се најде земја која има адекватна сала и служба. Како и да е здравствено најсигурна. Прерано е за шпекулации“.

 

Бертомеу вели дека ќе биде малку поразлично во однос на ФИБА Лигата на шампионите, каде е најавено дека финалниот турнир ќе се игра во септември,и со нови играчки ростери.

„Мислам дека не можеме да го поместуваме крајот на сезоната понатаму од завршувањето на јули. Во потполност се противиме на идејата натпреварувањата да се продолжат во септември или во октомври. Нема да донесеме одлука која вклучува ризик“- потврдува Бартомеу, кој заедно со соработниците веќе ги советувал клубовите да ги задржат играчите, и да не ги раскинат договорите, се со цел натпреварувањето да помине во најрегуларни можни услови.

 

Секако под услов да дојде до продолжување.

За учесниците на Евролигата во наредната сезона Бертомеу не сака да зборува премногу. Вели дека е прерано за било какви нови договорања.

„Моментално сме фокусирани на оваа година. Уште не размислуваме за ’вајлд-карти’ и наредната сезонма. Сакаме да ја завршиме оваа. Немаме на ум кој ќе игра во наредната сезона. Имаме процедури како тимовите влегуваат во Евролигата. И единствениот проблем кој може да го имаме е ако не бидат завршени некои национални шампионати. Местата во Еврокупот се одредуваат според пласманот во националните првенства, и тука ќе имаме таков проблем. Мислам дека АБА лигата нема премногу причини да стравува за место во Евролигата. Отсекогаш имала свој претставник. И ние сфаќаме колку е Балканот важен за Европа“- нема дилеми кај главниот човек во Евролигата.

 

За потсетување, натпреварите во Евролигата беа прекинати пред одигрувањето на 29.коло, додека Еврокупот е прекинат пред првиот круг од четвртфиналната рунда.