Силното крило на тимот од Севиља реализираше два поени и пет скока во поразот против топ фаворитот (59:77).
Реал Бетис и Шејн Витингтон беа далеку од изненадување на гостувањетго во срцето на Каталонија. Во „Блауграна“ запишаа убедлив пораз од силната Барселона (59:77).
И тоа со доста скромен ефект на македонскиот репрезентативец во редовите на екипата од Севиља.
За 22:19 минути на теренот како стартер, Витингтон реализираше само два поени (1/3 од поле), а имаше и пет скока за тоа време во игра.
По 19.одиграни кола во АЦБ лигата, Реал Бетис има ефект (5-14), со кој е на 16.позиција на табелата.
Пораз запиша и вториот „македонски тим“ во АЦБ друштвото, Хувентуд. На свој терен во Бадалона, но без помошта на повредениот Ненад Димитријевиќ, „зелено-црните“ загубија убедливо од Сарагоса (72:93), и сега се на позицијата број 12, односно ефект (8-11).