На неколку часа пред почетокот на натпреварот со Норвешка, а по последниот, шутерски тренинг во салата „26.април“, во Гевгелија, селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски ги одреди кошаркарите кои ќе му се спротивстават на скандинавскиот ривал.
Од комбинација отпадна еден од најмладите, кошаркарот на Феникс 2010, Амар Хот кој ќе чека друга шанса за настап во националниот тим. Можеби веќе в недела, на средбата со селекцијата на Данска.
По одлауката на Јончевски, под кошевите останаа да се борат Бојан Крстевски, Страхил Николов, Теодор Симиќ и Андреј Маслинко.
Покрај нив, во тимот за вечерашниот меч се уште: Бобан Стајиќ, Војдан Стојановски, Адем Мекиќ, Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Стојан Ѓуроски и Ти Џеј Шортс.