Откако помогнаа да бидат одбрани крајните почетни петорки на најуспешните европски репрезентации, дојде време навивачите да го изберат својот „Тим на соништат“ на ФИБА ЕвроБаскет 2000-2020.
Од 80. играчи што ги изгласаа навивачите во првата фаза на гласање, 24 од нив се избрани во потесен избор според спортските критериуми за да учествуваат во последната рунда на гласање, што ќе се одржи во две одделни категориИ, со кошаркарски жаргон кажано, бековски, односно центарски дел.
Сите овие играчи добија признание „Ол Стар Пет“ барем еднаш во кариерата и зачекорија на подиумот на ФИБА ЕвроБаскет барем еднаш во новиот милениум.
Можете да гласате за вашите омилени играчи на бековските позиции на ФИБА ЕвроБаскет од 27. јули до 2. август, додека гласањето за центарските места ќе започне следната недела, на 3. август и ќе трае до 9. август.
Инaку во финалниот избор на „12 величенствени“, за жал, нема место за нашиот херој од ЕП во Литванија, Лестер Бо Мекејлеб.
Предност добија: Богдан Богдановиќ, Милош Теодосиќ (Србија), Нандо Де Коло, Тони Паркер (Франција), Димитрис Дијамантидис, Василис Спанулис, Тео Папалукас (Грција), Лука Дончиќ, Горан Драгич (Словенија), Шарунас Јасикевичиус (Литванија), Хуан Карлос Наваро (Шпанија) и Алексеј Швед (Русија)
Своите гласови фановите може да ги дадат на следниот линк