09.08.2025

За вечерашниот дуел во Солнок, во записникот влегоа истите 12. кошаркари од премиерата во Куманово

Без измени во играчкиот ростер – гласи одлуката на селекторот Марјан Илиевски

Нема да имаа ниту една промена во играчкито ростер на машката сениорска репрезентација на Македонија за вечерашниот меч, вториот од претквалификациите за Светскиот Куп 2027, а првиот кој го играме на гостински терен, против репрезентацијата на Унгарија.

Селекторот Марјан Илиевски смета дека оние 12. кошркари кои играа против Романија на првиот натпревар од групната фаза, ќе се справат со предизвикот на играње на гостинскиот терен во Арената „Тисалигети“ во Солнок.

Одлучи против Унгарија да играат: Андреј Магдевски (капитен на тимот во овој претквалификациски циклус, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Андреј Митревски, Амар Хот, Теодор Симиќ, Лука Савиќевиќ, Максим Митевски, Џејкоб Вајли и Тома Стојаноски.