30.01.2021

Младата репрезентативка заработи повреда на прстот на раката која бара двонеделна пауза

Без Матеја Атанасовска во евро-квалификацискиот „балон“ во Рига

Уште еден работен ден е зад нашите најдобри кошаркарки кои се подготвуваат во Охрид. Останува уште еден по што следува пакување на коферите и трансфер кон Летонија.

Поточно кон Рига, каде избраниот тим на селекторот Владимир Ѓоровиќ го чекаат последните два натпревари од квалификациите за ЕП 2021. Дуелите против селекциите на Хрватска и на Летонија закажани за 4, односно 6.февруари.

„Тренинзите одат според планираното Се е исполнето како што треба. Имаме ситни проблеми од здравствена природа, но и нив ги решаваме како што знаеме и умееме“- рапортира селекторот Владимир Ѓоровиќ.

За него особено важно е што капитенот на нашата национална селекција, Анџелика Митрашиновиќ ги одработи првите заеднички тренинзи со останатиот дел од тимот.

„Во Охрид пристигна и Митрашиновиќ, нашиот најдобар и најискусен играч. Веќе одработи четири тренинзи са екипата. А до почетокот на првата средба во ‘балонот’, имаме уште два тренинга во Охрид, и се надевам уште пет во Рига, кои ќе ни овозможат за максимално спремни да го дочекаме дуелот со селекцијата на Хрватска“.

Многу извесно е дека во активниот ростер ќе останеме без една кошаркарка.

„Матеја Атанасовска заработи повреда на прстот на раката. Поради тоа мора да пуазира во наредните две недели, што знши дека ќе го пропушти турнирот во Летонија. Како и да е, имам потполна доверба во моите кошаркарки. И  патуваме со истите цели, а тоа е дојдеме до првата победа  во Рига“- заклучува Ѓоровиќ во пресрет на последните два тренинга во СРЦ „Билјанини извори“.